Пукотници во Струга, едно лице повредено

Од:

Синоќа околу 01:00 часот во Струга на улица „Кеј Борис Кидрич“, пред ресторан „Таџмахан“, при нарушен јавен ред и мир од повеќе лица, лицето А.К. од с. Велешта се здобило со убодни рани нанесени од остар предмет во пределот на градниот кош, вратот и десното уво.

Истиот е пренесен во Медицинскиот центар во Струга каде е задржан на лекување . Од страна на УПС по добиени сознанија утврдено е дека по горенаведениот настан лицето М.Е. (24) од с. Радолишта-струшко, со неколку други лица со ПМВ се упатиле кон куќата на Б.А. од Струга.

Кога пристигнале, М.Е. излегол од ПМВ и од пиштол испукал неколку куршуми кон Б.А. кој бил во дворот. Тогаш Б.А. со неколку лица се упатил кон влезната врата од куќата, каде бил и М.Е., кој со нога ја искршил истата и се обидел да влезе внатре, но бил спречен во намерата, по што го напуштил лице местото.ПС-Струга презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга