Пукната доводна цевка на Шар Планина причина за отежнато водоснабдување во Тетово

Од:

Поголем дефект во близина на новата пречистителна филтер станицата кај Лисец е причина за повторно отежнатото водоснабдување на Тетово, информираат од Јавното комунално претријатие „Тетово“.

Од таму објаснуваат дека претстои намалување на довод на вода од новиот водоснабдителен систем до градската мрежа со оглед дека дефектот е на голема доводна цевка од Лешница кон новата филтер станица.

-Ќе имаме намалување на довод на вода како последица на линијата која преземе вода од Лешница, а во близина на филтер станицата кај Лисец на цевка Ф500. Според мое видување, за ваков вид дефект на цевка која минува низ планина, сум убеден деке е поради неодамнешните земјотреси што ја погодија зоната и предзивика подземни ерозивни движења, објаснува Љуљзим Шаќири, раководител на работната едницата „Водовод и канализација“ при ЈКП Тетово.

Новиот водоснабдителен систем кој презема вода од планинските реки требаше да обезбеди дополнително 250 литри вода во секуда за градската мрежа.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври

Семејство од Тетово бара помош: Исчезнат е 83-годишниот Ѓорѓе Серафимовски