Пукано во жител на скопско село додека возел дома

Од:

Непознато машко лице доцна синоќа пукало кон возило во движење со кое управувал Н.З. (33) од село Бојане.

Како што соопшти полицијата, Н.З. не е повреден, но искршено е стакло од неговиот „Форд Ка“.

Немлиот настан се случил околу 00:40 часот додека Н.З. се движел кон својот дом. Непознатото машко лице кое пукало возело „Ауди“.

По настанот, Н.З. отишол дома. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он