Пукано кон хотелот „Александар Палас“, повредени нема

Од:

Утрово околу 3 часот биле испукани неколку куршуми кон хотелот „Александар палас” во Скопје. Повредени нема, оштетени се неколку прозорци и фасадата, информира МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 3.20 часот изутрината. Во СВР Скопје било пријавено дека „непознато лице испукало неколку куршуми кон хотел на бул ‘8 септември’ во Скопје”.

Повредени лица нема, а биле оштетени неколку прозорски стакла и дел од фасадата. Извршен бил увид на местото и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан