Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

Од:

Едно лице e повредено од огнено оружје i попладнево е донесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде информираа дека инцидентот се случил на влез во селото Моране.

– Денеска во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на влез во селото Моране, скопско било пукано со огнено оружје при што едно лице се здобило со повреди и било пренесено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување помош. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Спречена трагедија во Нови Пазар: Нарача убиство од затвор, егзекуцијата e спречена во последен момент

ВИДЕО: Масовна пукотница на парада во Луизијана: Mногу повредени, потрагата е во тек

Пет лица се повредени во пукотница во Берлин

Пукање во Чешка: Двајца убиени, четворица ранети во градот Хрибска

Пукање во Будва, убиен е член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Седум полицајци повредени во антитерористичка операција во Турција