Пукање во Мојанци, еден ранет, четворица приведени

Од:

65-годишник е ранет, а полицијата приведе четири лица по престрелка во скопското село Мојанци.

-Вчера полициски службеници од СВР Скопје привеле четири лица, постапувајќи по пријава добиена во 21.30 часот од ГОБ „Наум Охридски“, каде бил донесен Ш.Н.(65) од с.Мојанци со повреди од огнено оружје, соопштија од МВР. Според пријавеното, додека го управувал своето патничко возило „голф“ во с.Мојанци, во Ш.Н. било испукано од едно лице од с.Арачиново, кое било со патничко возило „мерцедес Ц“, без регистарска ознака. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје, а возилата се обезбедени, велат од полицијата.

За настанот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски

Приведен вработен во МВР, возел во спротивна насока, а кога бил запрен, му се заканувал на полицискиот службеник

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пукање во училиште во Аргентина – убиен е 13 годишник, осум ученици се ранети

А1он

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница