Пукање на свадба во Зајас: тројца повредени меѓу нив и малолетничка

Од:

Ноќеска во 03.00 часот, полицијата во кичевското село Зајас привела 46-годишник од кичевското село Бачишта, на привремена работа во Австрија, информираше МВР.

„Тој на семејна веселба во истото село неовластено испукал повеќе куршуми од пиштол ‘Смит и Весон’, сопственост на неговиот татко Р.У.(64) од истото село, кој го поседувал со дозвола. Притоа, Е.Е.(33), М.Р.(57) и една малолетничка, сите од селото Бачишта, кои биле на веселбата, се здобиле со повреди и биле пренесени во Итната медицинска помош во Кичево, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Од Р.У. бил одземен пиштолот и 300 куршуми, кои ги поседувал со дозвола. По целосно документирање на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветни пријави“, се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука