„Пуцко Петрол“: ЈСП ни должи над 10 милиони евра

Од:

Компанијата „Пуцко Петрол“ реагира поради објавеното соопштение на Град Скопје во кое се наведува дека фирмата ја прекинала испораката на нафта за автобусите на ЈСП.

Посочуваат дека ваквите информации го нарушуваат угледот и деловниот интегритет на „Пуцко Петрол“, притоа нагласувајќи дека во јавноста не бил презентиран еден значаен елемент – долгот на ЈСП кон нив, кој, според компанијата, надминува 10 милиони евра по фактури стари повеќе од две години.

„Со вашиот објавен текст за компанијата ‘Пуцко Петрол’ на 22.09.2025 година изразуваме загриженост и разочараност, со кој се нарушува угледот, реномето и деловниот интегритет на нашата компанија. Нецелосната и тенденциозна содржина на текстот води кон погрешно информирање на јавноста, што предизвикува директна штета врз нашата репутација и деловни односи“, се вели во реакцијата.

Додаваат дека „секој клиент кој навремено ги подмирува обврските, без исклучок, добива гориво согласно договорените услови“, при што нагласуваат дека нивното работење е транспарентно и законски усогласено.

„Со оглед на горенаведеното, бараме јавно извинување за нанесената штета и повлекување на спорниот текст, во согласност со етичките стандарди на новинарството. Во спротивно, ќе бидеме принудени да ги преземеме сите правни мерки за заштита на нашите права и интереси“, порачуваат од „Пуцко Петрол“.

Би можело да ве интересира

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: Пуцко Петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, преку бегалецот Васко Ковачевски и другите функционери се директни учесници во криминалот на Пуцко Петрол тежок 167 милиони евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Стојаноски: Зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ

„Пуцко петрол“: Не сме доставувале мазут до ЕСМ

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски