Психијатриско лекување за осомничениот за убиството на полицаецот во Средорек

Од:

Предлог за определување мерка, задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, побара Основното јавно обвинителство Куманово за осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што се случи во јули годинава во кумановската населба Средорек, соопшти денеска Обвинителството.

Во соопштението се наведува дека ОЈО Куманово го добило вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба на надлежен јавен обвинител ги подготви ЈЗУ Психијатриска болница Скопје.

– Согледувајќи ги наодите и мислењето кои укажуваат на непресметливост на лицето, јавниот обвинител до Основниот суд Куманово, достави предлог за определување на мерка задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа, се наведува во соопштението.

Настанот се случи во јули годинава кога при интервенција по пријава за семејно насилство животот го загуби еден припадник на полициските сили. Пријавениот за семејно насилство, нападна четворицата полицајци кои дошле во неговиот дом, при што на едниот му нанел фатален убод со нож во пределот на грбот. Поради сериозноста на повредата, полицаецот почина, а напаѓачот, лице кое претходно повеќе пати било хоспитализирано за психијатриско лекување, беше притворен.

Истрагата за овој кривично правен настан, се вели во соопштението од Обвинителството, продолжува во насока на утврдување на евентуална одговорност на други лица.

Би можело да ве интересира

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа