Пржинските закони денеска пред пратениците

Од:

Законите за МВР, Влада, медиуми, изборниот законик и за кривична постапка влегоа во собраниска процедура доцна вечерва.

Тие се потпишани од координаторите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, додека во името на пратеничката група на ДУИ ги потпиша преговарачот Артан Груби,а во името на ДПА пратеникот Беким Фазлиу.

Денеска во 14:30 часот, на паузата од седницата за пратенички прашања, закажана е 113. седница, по што ќе следат комисиските расправи, а вечерта ќе се гласаат законите.

Овие закони и лидерската средба која ќе се одржи на 31.август на која доколку се констатира дека се исполнети сите услови, отвораат пат за избори на 11 декември.

Денеска во Собранието е редовната седница за пратенички прашања што се одржува секој последен четврток во месецот.

Ако се оди според договореното Собранието треба да се распушти на 10 октомври.

За преодна влада сто дена пред избори, ќе се менува Законот за Влада.

Законот за внатрешни работи ќе претрпи измени по неколку основи. Првин треба да се изгласа неговата суспензија, односно одложена примена за една година, а на министерот за внатрешни во преодната влада, ќе му се дозволи да направи 15 смени во менаџерските структури на МВР и да смени 10 отсто од раководните лица по хоризонтална линија.

Со измени во законот за медиуми ќе се воведе петчленото ад-хок тело што ќе биде составено од партиски предлози, а треба да ја контролира балансираноста на објавите во медиумите 100 дена пред одржувањето на изборите.

СДСМ вчера јавно ги повика новинарите да предлагаат членови на ова контролно тело.

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање