Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Од:

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.

-Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот – изјави д-р Милена Богоевска Доксевска, болнички координатор за трансплантација на Клиниката за ортопедија.

Националниот координатор за трансплантација проф. д-р Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.

-Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување ба свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина, вели проф. д-р Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи