Во соработка со „Светот на Биби“, првачињата од основните училишта на територијата на Општина Аеродром добиваат едукативни и дидактички материјали со ликовите на хероите Биби и Боби, кои ќе ги користат за полесно и позабавно совладување на материјалот
Градоначалникот Тимчо Муцунски утрово го посети основното училиште „Димитар Македонски“ каде заедно со претставници на „Светот на Биби“, поделија сетовите кои се состојат од едукативни печатени изданија, постери, друштвени игри, сликовници и боенки. Станува збор на активност во чии рамки првоодделенците од сите основни училишта во Аеродром ќе добијат вакви сетови.
Aеродром е првата општина во Македонија каде учениците преку игра, забава и дружба со Биби и Боби ќе стекнуваат нови знаења и вештини. Со оваа соработка отвараме нови светови за дечињата и реализираме уште едно ветување пред граѓаните и истата е уште потврда за нашата решеност за унапредување на образовниот процес и подобрување на условите во училиштата.