Прво да видиме во каква состојба се, па ќе донесеме одлука за модуларните болници, вели Таравари

Од:

Прво треба да добиеме информација во каква состојба се модуларните болници, па потоа ќе видиме дали некои од нив може повторно да се стават во употреба не само кај одредени јавни здравствени институции, туку и кај која било друга администрација, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за набавка на мобилен рендген апарат, Таравари потврди дека за модуларната болница од Инфективната клиника има интерес од затворот „Идризово“.

-Не знам во каква состојба се сите модуларни болници, ќе треба да се добие информација и да се види каде може да се распределат за да ги користат барем јавните здравствени институции или некоја која било друга администрација. Значи, треба да знаеме во каква состојба се па да видиме да не се фрлаат, туку ако може неколку да се стават повторно во функција таму каде што треба, не само како амбулантa, туку и за други намени кои би биле од интерeс за некои јавни институции. Во Идризово, конкретно, треба да се реновира болницата па размислуваме да донесеме одука на Влада, модулaрната болница од Инфективна клиника да се стави комплетно таму, за да не трошиме пари за реновирање на амбулантата. Таму модуларната би служела како амбуланта, и општа и стоматолошка, објасни министерот.

Би можело да ве интересира

За отпочнувањето на преговорите со ЕУ и очекувам поддршка и од опозицијата, вели Таравари

Tаравари: Ветените над 1.000 вработувања готови до крајот на јануари

Левица: Таравари да не тактизира и веднаш да го разреши Мемеди за смртта на 20 деца

Се прави евалуација за неколку директори за нивната работа, вели Таравари

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс