Вакцинирани против Ковид-19 се 88 пратеници од Собранието на Република Северна Македонија и околу 200 вработени во собраниските служби, соопшти денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.
Втората доза од вакцината на Спутник В, пратениците треба да ја примат на 14 мај, додека службениците неколку дена претходно.
Останатите пратеници и вработени во службите во консултација со лекари дополнително ќе бидат вакцинирани.
Во соодветен термин ќе бидат и ревакцинирани и припадници на внатрешното обезбедување и вработените од СОЗР кои сњ распоредени на работа во зградата на Собранието.