Прва седница на владиниот Комитет за здравје и животна средина

Од:

Комитетот за здравје и животна средина, кој го раководи премиерот Никола Груевски, вчера во Владата на Република Македонија одржа прва седница. Во негов состав се повеќе членови на Владата, претставници од областа на здравјето, животната средина и од други области.
Како што информира владината прес-служба, цели на Комитетот се континуирано унапредување на квалитетот на водата, воздухот и почвата и останатите јавно-здравствени аспекти во насока на унапредување на амбиентот од значење за здравјето на населението, унапредување на стандардите за храната и унапредување на системот за норматива, регулатива и примена на современи светски искуства и стандарди во областа на екологијата.

– Беше договорено да се изготви повеќегодишна Стратегија за здравје и животна средина, која ќе содржи опис на постоечките состојби, и акционен план и конкретни предлог оперативни заклучоци и мерки кои треба да се спроведат во иднина. Притоа, при изработката на Стратегијата беше договорено да се користат странските искуства и врвни добри пракси, како на пример експерти од ОН, Светска здравствена организација, но и експерти од повеќе земји, како и домашни експерти кои ќе бидат вклучени во истиот процес. Се очекува до крајот на 2013 година да се распише конкурс за изработка на Стратегијата и таа да биде подготвена во април 2014 година, за понатаму да служи како основа за работа на Комитетот и постапувањето на Владата во оваа област, информира Владата на РМ.

На првата седница на Комитетот било заклучено да се пристапи и кон обезбедување дополнителна акредитација и сертификација на лаборатории кои вршат испитувања во областа и да се обезбедат дополнителен број мерни станици и инструменти за контрола на квалитетот на воздухот за да се обезбеди сеопфатен систем на контрола и прецизни податоци согласно со светските искуства.

– Беше заклучено Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да предложи мерки за унапредување на системот и нормативата за постапување, третирање, употреба и промет на пестициди и вештачки ѓубрива од страна на земјоделците и да предложи Акциски план за едукација на земјоделците во оваа сфера. Со донесените останати заклучоци се предвидува водење комплетна евиденција на употреба и работа со средства кои имаат значително влијание врз животната средина, координирана акција со општините за отстранување и регулација на нелегалните депонии, менаџирањето во врска со механизми за управувањето со видовите отпад (медицински, радиационен…), стои во информацијата.
На седницата се дискутирало и за креирање модалитети за подигањето на свеста на луѓето, преку различни механизми, за влијанието кое може да го има животната средина врз нивното здравје, а особено за подигање на свеста на сите општествени субјекти за преземањето превентивни мерки за спречување штетни состојби и доследно почитување на еколошките стандарди.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница