Прва седница на локалниот совет за превенција на општина Кратово

Од:

Во просториите на локалната самоуправа на општина Кратово се одржа првиот состанок на локалниот совет за превенција на општина Кратово за 2018 година.

Состанокот се одржа под водство на градоначалникот на општина Кратово, Љупчо Бојаџиев, а присуствуваа: началникот на одделение за полиција Зоран Јовановски, началникот на отсек за превенција при СВР Куманово, Виолета Богдановска и претставници од Полициска станица од општа надлежност Кратово, од Територијалната противпожарна единица, шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, ЈП Македонски шуми и од Ловечкото друштво.

На седницата на локалниот совет за превенција станало збор за превенција од пожарите кои се јавуваат во летниот период.

– Присутните главно дискутираа за начините на заедничкото превентивно дејствување на сите надлежни институции во случај на пожар како и за мерките за превенција за да не дојде до вакви состојби. Превенцијата е еден од најважните начини на дејствување, бидејќи најдобро е навреме да се спречат одредени состојби, а не потоа да се пресметуваат предизвиканите штети, независно дали се од човечко невнимание или се последица на природни непогоди, информираат од локалната самоуправа на општина Кратово.

Би можело да ве интересира

Педофил од Кратово силувал девојче од Пробиштип

А1он

Нападнати три лица од Кратово во казино во Крива Паланка

А1он

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај

Пендаровски: Армијата не добила барање за помош за спасувачката акција во Кратовско

Катерина Ѓуровски

Четири прекршувања на полициски час во Крива Паланка и Кратово

А1он

Казни од по 1.000 евра за тројца кумановци и четворица кратовци кои го прекршиле полицискиот час

А1он