Прва цивилна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

Од:

Во организација на НАТО Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со Кризи (ЦУК), на подрачјето на Охрид и Струга, од 20 до 24 септември годинава ќе се одржи вежбата „Северна Македонија 2021“.

Центарот за управување со кризи како домаќин, на оваа прва цивилна НАТО вежба во земјава, што истовремено ќе се одвива и теренски и штабно, е организатор на сите активности поврзани со вежбата, во координација со НАТО тимот.

Како што најавија од ЦУК, официјалното отворање на вежбата ќе биде проследено со дефиле на единици, промотивно разгледување на штандови и вежбовна точка, по што ќе следи показно спасување на пат – симулација на сообраќајна незгода.

На предвидениот „Ден за медиуми“, најавуваат од ЦУК, за медиумите ќе биде овозможен пристап на лице место во подрачјата, каде што теренски ќе се одвива вежбата.

Целиот настан почнувајќи од 20-24 септември е планирано да биде пренесуван во живо на интернет„youtube“ каналот на НАТО, што линковски ќе биде поставен на официјалната „фејсбук“ страницата на Центарот за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен