Прв Велигден без верници во црквата во Дебар

Од:

Православните верници во Дебар радосната вест за Христовото воскресение го дочекаа во своите домови, врз основа на препораките на МПЦ-ОА и Владата, поради пандемијата со коронавирусот.

Црвката „Света Петка“ никогаш не била така празна. Велигденската литургија ја одржа Намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски, а со него беше само свештенослужителот.

По традиција Христовото воскресение дебрани го дочекуваа во многу поголем број,зашто освен постојаните жители, кои се малку по број, присиствуваа и многу дебрани кои живеат во Скопје или други градови во државава, а по традиција тука доаѓаа за големиот празник.

Во текот на ноќта,поради полицискиот час, празни беа и улиците во градот.

Масовното доаѓање изостана и од поранешните жители и нивните потомци во селата на Мала Река, Осој, Гари, Тресонче, како и селата Долно Мелничани и Битуше.

За овој Велигден ќе изостане и вековната традиција, по која е познат дебарскиот крај, на посета на православните домови од страна на соседи, пријатели, колеги од исламската религија а ќе ја нема и традиционалната посета на дебарскиот муфтија во седиштето на Парохијата.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението