За Македонија 3,9 милиони евра од Хоризонталната програма на ЕУ и СЕ

Од:

Во Министерството за надворешни работи на Република Македонија денеска се одржа првиот состанок на националниот Управен комитет на Хоризонталната програма на Европската унија и Советот на Европа за поддршка на Западен Балкан и Турција на кој беа разгледани постигнувањата во реализацијата на Програмата во Република Македонија.

– На првиот состанок на националниот Управен комитет беа разгледани досегашните фази во спроведувањето на петте договорени активности во Република Македонија, а се зборуваше и за натамошниот план на активности во функција на постигнување на очекуваните резултати во зајакнувањето на заштитата на правата на осудените лица, унапредување на капацитетите на полицијата за почитување на човековите права, поддршка на судството за заштита на човековите права, во борбата против лошо постапување, и неказнивост преку зајакнување на капацитетите, борба против корупцијата, економскиот криминал и организираниот криминал; како и против трговијата со луѓе, се вели во денешното соопштение од МНР.

Хоризонтална програма за поддршка на ЕУ и Советот на Европа (мај 2016 – мај 2019) има за цел, на владите на земјите корисници да им помогне во постигнување зголемена имплементација на стандардите на Советот на Европа и усогласување со acquis-то на ЕУ, во три клучни области: обезбедување правда, борбата против економскиот криминал, како и борбата против дискриминацијата и заштитата на правата на ранливите групи.

Управниот комитет го сочинуваат претставници на министерствата за надворешни работи, за правда, за внатрешни работи, од Академијата за судии и обвинители, Управата за финансиско разузнавање, Секретаријатот за европски прашања, како и претставници од Делегацијата на Европската Унија и од Проектната канцеларија на Советот на Европа во Македонија.

Вкупниот буџет за финансирање на петте активности кои се спроведуваат во Република Македонија изнесува 3,9 милиони евра, додека вкупниот фонд за сите земји корисници на Хоризонталната програма е 25 милиони евра, од кои 20 милиони евра се обезбедени од страна на Европската унија и пет милиони евра од Советот на Европа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија