Прв академски час на кандидатите за офицери во АРМ

Од:

Во Воената академија во Скопје денеска ќе се одржи првиот академски час за подофицери и професионални војници со завршено високо образование кои ќе станат офицери на Армијата на Република Македонија.

На првиот академски час, како што е најавено, ќе се обрати министерот за одбрана Зоран Јолевски.

– Со произведувањето на офицери од подофицерите и професионалните војници, Министерството за одбрана на дело покажува дека посветува голема грижа првенствено за припадниците на Армијата и за своите вработени, се наведува во соопштението од Министерството.

Произведувањето офицери од басенот на подофицери и професионални војници кои имаат завршено цивилно високо образование се врши по повеќе од осум години. Подофицерите и професионалните војници по завршувањето на три-месечниот курс ќе станат офицери во соодветната струка – правна, интендантска, техничка, финансиска, музичка и во сообраќајна струка.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски