Прскање против комарци во Скопје во петок

Од:

Во петок од 5 до 10 часот наутро во Скопје ќе се изврши втора авионска дезинсекција против ларви од комарци.

– Вториот наврат на аеросолната авионска дезинсекција годинава на подрачјето на Град Скопје против ларви од комарци ќе се реализира на во петок во период од 5 до 10 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водени површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.

Во него се додава дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција таа ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Од градот Скопје апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски