Прскање против комарци во Скопје најверојатно следниот викенд

Од:

Во Скопје следниот викенд би требало да се прска против комарци, а третирањето против инсекти во неколку други градови во земјава е најавен за овој викенд.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов очекува в среда да завршат сите постапки, со што ќе се отвори можноста викендот да може да се третираат инсектите.

Прскањето доцни поради сомнежите на Шилегов дека набавените препарати се штетни за граѓаните.

– Жалбата ќе биде предмет на обработка на соодветната комисија на седница следната среда. Очекувам дека доколку биде одбиена жалбата и следниот викенд ќе биде прскано против инсекти, вели Шилегов.

Скопскиот градоначалник присуствуваше на пуштање пат меѓу селата Љубин и Рашче, во должина од четири километри. За патот градските власти одвоиле околу четири и пол милиони денари.

Изградбата на патот е заеднички проект помеѓу локалното население и и градските власти, а вкупната инвестиција е околу 12 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски