Прскање против комарци во Скопје

Од:

На територијата на Град Скопје следниот викенд ќе биде извршено четвртото авионско прскање против комарци.

Како што информираат од Град Скопје, аеросолната дезинсекција (авионска) против комарци, ќе се одвива на 22 и 23 август во период од 5:30 до 8 часот. Терестрична дезинсекција, пак, ќе биде спроведена од 23 до 27 август (од недела до четврток), во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не дозволуваат, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски