Прскање против инсекти во Куманово

Од:

Во паркот кај затворениот градски базен во Куманово денеска ќе се врши третирање против инсекти.

Општина Куманово порачува граѓаните да бидат внимателни и да избегнат подолг престој на површините непосредно по извршувањето на третманот.

Во понеделник и вторник, 21 и 22 август, на подрачјето на градот ќе се изврши дезинсекција против крлежи. Целта е спречување на ширење заразни болести чии вектори се инскетите. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени јавните зелени и цветни површини во градот, посебно зеленилото покрај градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и градските паркови.

Третираните површини ќе бидат видно одбележани и не се препорачува подолг престој на површините како за луѓе така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Ако временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш ќе се одложи за наредниот ден.
За дезинскеција и дератизација двапати годишно, општина Куманово одвојува 600.000 денари. Тендерот го доби фирмата „Плант Медика“.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он