Прскање на улиците во Аеродром за намалување на загадувањето

Од:

Градот Скопје денеска, на крстосницата на булеварот Србија со булеварот Трета македонска бригада, ќе го почне третирањето на градските улици во Аеродром со калциум магнезиум ацетат, како една од мерките за намалување на загадувањето на амбиентниот воздух.

Увид во процесот ќе извршат градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.

Како што информира Градот Скопје, со третирањето ќе бидат опфатени булеварот Трета македонска бригада (од крстосницата со улицата Коста Новаковиќ до раскрсницата со булеварот Србија) и булеварот Србија (од крстосницата со булеварот 12. Македонска бригада до крстосницата со булеварите Видое Смилевски Бато и Јане Сандански).

Брзината на улиците каде што ќе се аплицира калциум магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри на час, заради можна појава на лизгавост на коловозот. На улиците е веќе поставена и соодветна сообраќајна сигнализација.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош