Проверен видеонадзорот од Апелација, вработените не го изнеле исказот на Кичеец од зградата

Од:

Тимот на Вилма Русковска ги проверил снимките од камерите на скопска Апелација, по што утврдил дека вработените кои имале пристап до просториите каде што се чуваат исказите од осомничени лица не го изнеле записникот од исказот на осудениот Зоран Милески – Кичеец во случајот „Рекет“ даден во Обвинителството. Проверката следуваше откако адвокат на обвинет во случајот пријавил дека преку телефон му било нудено да го купи исказот на Кичеец. Обвинителството тврди дека записникот не протекол од кај нив.

„Во однос на предистражната постапка околу нудењето на записникот од исказот на сега обвинетиот, постапката е во тек. Проверени се безбедносните камери од Апелацискиот суд – Скопје и притоа не се утврдени лица што би можеле да го поседуваат записникот, во таа насока Обвинителството цени дека понудувачот не го поседувал понудениот записник од исказот“, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција за „А1он“.

Русковска и натаму ќе истражува кој се јавил кај адвокатот и го нудел записникот од Кичеец. Од Обвинителството велат дека не можат да споделат детали околу тоа што преземаат за расветлување на случајот.

Исказот даден од Кичеец во Обвинителството беше нуден на адвокатот откако Вилма Русковска не им овозможи увид на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, кога правеа увид во доказите. Адвокатот еднаш пријавил кај Русковска, која, пак, предметот го распореди кај надлежен обвинител.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог