Протести и блокада на патот до Арачиново

Од:

Жители на скопско Арачиново денеска го блокираа патот до селото. Револт кај арачиновци предизвикале сметките за струја за кои велат дека немаат пари да ги плаќаат.

Причина за незадоволство според арачиновци е високата стапка на невработеност во ова село или според тврдењата на оние кои беа дел од протестот дури 90 отсто од жителите не работат а со тоа немаат средства за да ги подмират сметките кон институциите.

„Како да плаќаме сметки кога луѓето од ова село не работат. Нема работа а сметките да се платат, како може тоа“, изјави еден жител од Арачиново.

Од ЕВН пак објаснија дека не го разбираат протестот на арачиновци. Се имплементирал проект за подобрување на снабдувањето со електрична енергија.

„ЕВН Македонија веќе одреден период спроведува проект за подобрување на снабдувањето со електрична енергија во Арачиново. Ова е проект ист каков што се спроведува на повеќе места низ земјава. Тоа значи дислокација на мерните уреди на граница на имот како што е предвидено со законските прописи, замена на старите кабли со нови со поголем пречник, замена на старите дрвени столбови со нови бетонски, поставување на нови мерни ормари и сл. Сето ова е со цел подобрување на напонските прилики, воведување ред и сигурност во снабдувањето и трошењето на електричната енергија или со еден збор градење и модернизирање на дистрибутивнатат мрежа за електрична енергија. Проектот чини 850 000 евра. Нормално за реализација на овој проект имаме подршка и од локалната самоуправа на Арачиново и од жителите. Затоа зачудува денешната блокада. Не станува збор значи за исклучувања или акции, ако веќе има исклучувања тие се според предвидената динамика. Или поточно како за секој корисник така и за корисниците од Арачиново, ако навреме не ги платиле сметките и ако е поминат рокот и откако веќе еднаш се опоменати, по ова тие влеегуваат во групата корисници каде што како последна мерка се применува исклучувањето“, стои во соопштението на ЕВН Македонија.

Жителите на Арачиново ќе протестираат повторно во петок.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата

Црногорците проговорија за регионалниот колапс на струјата: Ова не е забележано 30 години

Предраг Петровиќ

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката

Поради колапсот со струјата, во Сараево многу граѓани останаа заглавени во лифтовите

Експлозија на далновод во Црна Гора предизвика прекин на струја, потребни се хеликоптери за поправка

ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата