Протестен собир: Итен прекин на преговорите за името

Од:

На денешниот собир во организација на движењето „Нашето име е наше право“, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, се собраа голем број граѓани кои побараа итен прекин на преговорите со Грција.

Актерка Камка Тоциновски ја праша власта: „Кој ве овласти да преговарате за името и идентитетот, зошто вршите притисок врз јавноста дека ова е историски момент за влез во НАТО“. Таа нагласи дека е недемократско тоа што се замолчиваат тие што не се дел од преговорите. „Граѓаните имаат право да бидат информирани. ..Ова се права што му припаѓаат на секој поединец…но и на секој народ на светот според Декларацијата за човекови права на ОН.

„Оставка, оставка..Македонија, Македонија“ извикуваа присутните.

„Затоа бараме да престанете со пропагандата….Бараме да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до собранието на ОН каде Македонија е рамноправна членка со сите членки кои ја признаа под уставното име. Да се стави крај на референцата… наместо да ѝ давате приоритет на надворешната политика што ја водите по диктат, обрнете внимание внатре. Нитуедна меѓународна инстанца нема да ни ја заврши нашата домашна задача. Убедете ја ЕУ дека имаме капацитет за членство со тоа што ќе ги завршиме работите внатре“ порача актерката Арна Шијак.

Се пееше песната „Едно име имаме во душата го носиме“… Се заигра и тешкото… Се читаше и родољубива поезија од Анте Поповски, Гане Тодоровски, Блаже Конески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето