Протестен „Марш на ангелите“: Овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави

Од:

Оваа трагедија не е само црна хроника во вести, не е статистичка бројка. Тоа се 62 згаснати животи, 62 семејства во црнина, 62 иднини украдени за миг, порачаа родителите на починатите во несреќата што се случи во дискотеката „Пулс“, попладнево на 19. протестен „Марш на ангелите“.

Поворката од родители и нивните поддржувачи ја поминаа предвидената маршрута – од Паркот на револуцијата, Трговскиот центар и зградата на Општина Кочани, Управата за јавни приходи, зградата на полицијата, па се до Основниот суд од каде побараа овој случај да добие епилог, да не се заташка и заборави.

-Ако институциите дозволат оваа трагедија да заврши во тишина, ако не ја исполнат својата должност, тогаш испраќаат порака дека животот на нашите деца не значел ништо, а тоа ќе значи втора неправда, уште поголема и по тешка од првата, порачаа тие.

Семејствата на загинатите, како што самите рекоа, не бараат од државата сочувство и празни зборови, туку вистинска, целосна и праведна разрешница.

-Секој што носи одговорност без разлика на функцијата, позицијата или моќта мора да биде изведен пред лицето на правдата, затоа што човековиот живот нема цена, а нашите загуби немаат замена, истакнаа на маршот.

Родителите го завршија маршот онаму од каде што тој и почна – во Паркот на револуцијата во Кочани, со себе носејќи фотографиите од своите деца и транспаренти со пораки што постојано ги упатуваат до истите институции.

Би можело да ве интересира

Вештачење за „Пулс“: 157 лица со тешки повреди, 65 повредени – меѓу нив и деца

„Деко, со кое лице бараш олеснување на мерките – ова е понижување на споменот на нашите деца“

А1он

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски