Протест во Кочани: Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели

Од:

Во „Паркот на револуцијата“ во Кочани денеска во 15.59 часот се одржа закажаниот протестен собир под мотото „Ваш профит – наши животи“.

Присутните граѓани, меѓу кои имаше роднини и пријатели на починатите во трагичниот пожар, како и на лицата од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“, наместо планираниот марш, останаа на собирното место и им оддадоа почит на сите кои настрадаа.

Наместо говор, испратија писмено известување до јавноста.

-И во овие болни мигови, некој успеа да го подели народот. Јавно демантираме дека закажаниот протестен марш со мото „Ваш профит – наши животи“ е марш само за обезбедувањето! Сите ние имаме повредени или загинати роднини и пријатели! Сите мирни собири до сега беа за правда за прерано изгубените животи, за подршка на семејствата на повредените деца и за неправедно приведените членови за обезбедувањето. Револтирани сме сите од овој гнил систем! Стоп за селективна правда, се наведува во писменото известување.

Организаторите на собирот нагласија дека дополнително, преку социјалните мрежи и со известување до медиумите, ќе информираат дали протестните маршеви ќе продолжат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Родителите на загинатите во „Пулс“ бараа одговори од Судска медицина

Во Кочани 40. „Марш за ангелите“, родителите бараат одговори за токсиколошките анализи

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“