Протест против Законот за употреба на јазиците пред Собранието, засилено полициско присувство

Од:

Околу Собранието на Република Македонија забележливо е засилено полициско присувство во пресрет на гласањето на Законот за употреба на јазиците.

Позади Собранието присутни се 11 полициски автомобили и едно возило на итната медицинска помош.

Пред Собранието, пак, се одржува протест против носењето на Законот. Демонстрантите ја блокираа улицата пред Собранието и извикуваат „Уа, предавници“.

Претходната седница за донесување на законот за јазици пропадна, бидејќи политичките партии немаа усогласени ставови. На координативните состаноци изминиативе денови не учествуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Денешната седница е закажана за 13 часот.

Законот за употреба на јазиците е во трето читање во Собранието, а од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа 35.569 амандмани со образложение дека законот е неуставен и треба да се повлече.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on