ВИДЕО: Протест пред Собрание – Кратењето на буџетот за превенција и лекување од ХИВ ќе доведе до нови смртни случаи

Од:

Најмалку 15 илјади припадници на ранливите категории ќе останат без бесплатни средства за превенција и рано откривање на ХИВ вирусот откога владата донесе одлука да го скрати буџетот за превенција и лекување.
Од здружението ХОБС велат дека кратењето на дури 59 проценти од буџетот ќе донесе зголемување на стапката на нови заразени.

Според нив министерството нема да го издржи товарот да ги покрие трошоците бидејќи досега велат 12 години половина од трошоците го покривал Глобалниот светски фонд чија донација завршува до крајот на годинава.

Како што велат, министерството ќе издржи само 6 месеци а потоа се оставени сами на себе. Тие од надлежните бараат да се врати стариот буџет од 65 милиони денари кој по измените изнесува само 27 милиони.

-Во буџетот од 2017 година 15.000 припадници на групи под најголем ризик од ХИВ ќе останат без бесплатни средства за превенција и брзи тестови за рано откривање на ХИВ што според здружението може да донесе нови инфекции за 19 проценти и нови смртни случаи за 5 %, велат од здружението.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог-буџетот за 2027 година – особено значаен сегмент се капиталните инвестиции

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

Ребалансот на Буџетот за власта е неопходен одговор на новите економски услови, а за опозицијата неуспешно економско планирање –

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Собранието го усвоиот ребалансот на Буџетот за 2026 година