Протест на шумските полицајци: Оставени сме без опрема и соодветни плати

Од:

Претставници од 21 станица на шумската полиција од цела Македонија денеска се собраа пред Владата за да го изразат револтот поради донесената и неспроведена владина одлука за нивните барања за потпишување на колективниот договор за остварување на нивните права.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев нагласи дека на почетокот на 2018 година на седница на Владата била донесена одлука за потпишување на колективен договор со што би се решиле проблемите со кои досега се соочувала шумската полиција. Наведе дека припадниците на шумската полиција немаат соодветна опрема за терен и, како што рече, ги носат пиштолите во чорапи, во џебови, во чизми…

Имено, потенцираше и дека не добиваат по 20 проценти на плата, по основ овластување на шумски полицаец.

– Тоа е работа која Владата и министерот за земјоделство мора под итно да ја спроведат, бидејќи Законот за шумарство е дециден, кажува дека шумскиот полицаец е полициски службеник со овластување, истакна Делчев Тодев.

Наведе и дека во септември минатата година од нив било побарано одлагање на примената на колективниот договор, го прифатиле тоа, но заклучно со 1 јануари 2019 година. Како што рече, Делчев Тодев, од тогаш е поминат цел месец, а министерот за земјоделство „нема абер“ за потпишување на договорот.

Изразија и незадоволство поради пресметките на нивните плати. Делчев Тодев посочи дека „се измислуваат“ правила со кои не им се плаќаат правилно прекувремените часови.

– Министерот за земјоделство мора да сфати дека грешката што ја прави веќе две години мора да ја исправи. Ниту опрема, ниту 20 осто на плата по однос на овластување, потенцираше претседателот на Независниот синдикат на полицијата.

Тој изјави дека не станува збор за нешто ново, туку за одлука што е донесена, а не е имплементирана.

– Бидејќи не е спроведена ние веќе две години сме во судски процес и сите процеси што се поднесени како тужби од страна на Независниот синдикат ги имаме добиено, истакна Делчев Тодев.

Никола Гагоски, претседателот на Незвисниот синдикат на шумската полиција – администрација наведе дека шумските полицајци земаат плата во износ од 16.800 денари.

– Ако просечната плата во Македонија е 24.000 денари, шумскиот полицаец зема 16.800 денари. Сегашниот министер за земјоделство, во тоа време, не охрабри да си ги бараме правата, ветувајќи дека кога тој ќе биде министер за земјоделство сите проблеми со кои досега сме се соочувале, ќе ни бидат решени. Две години поминаа, ние не само што не ги добивме правата, туку ги изгубивме и прекувремнените часови што ни ги плаќаа, заклучи Гагоски.

Би можело да ве интересира

Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Нов протест поради трагедијата во Нови Сад, се бараат оставки: „Народот е гладен за правда“

Горан Наумовски

Протест на опозицијата во Белград

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција