Протеран уште еден руски дипломат, потврди Османи

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди денеска дека руски дипломат е прогласен за персона нон грата и е протеран од земјава.

–Бидејќи информациите од тој тип се обично од доверлив карактер, не можам да влегувам во детали, меѓутоа МНР секогаш кога ќе добие потврдени и документирани информации за однесување на акредитирани странски дипломати коешто е спротивно на приницпите на Виенската конвенција презема мерки за заштита на својата национална безбедност, меѓутоа и безбедноста на сојузниците во сојзуот во којшто припаѓаме. Така да, информацијата е точна, изјави Османи.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за заменик военото аташе во амбасадата, кој направил несоодветни дипломатски дејства со тоа што не ги почитувал дипломатските правила во Македонија.

Во мај годинава МНР веќе прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија. Русија тогаш реагираше со преземање реципрочни мерки, односно со протерување на еден вработен во нашата Амбасада во Москва.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија