Простории за целодневен престој за ученици со попреченост во кумановското ОУ „Браќа Миладиновци“

Од:

Министерството за труд и социјална политика обезбеди 50.000 евра за изведување градежни работи за адаптација на простор и опремување за Центар за продолжен престој на ученици вклучени во специјални паралелки и инклузивно образование и за дневен престој за лица со попреченост вон образовниот процес во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“, информираа денеска, надлежните од ова училиште.

– Со години наназад кај родителите се јавува потреба за отворање на целодневен престој за деца со посебни паралелки. Годинава, од Министерството за труд и социјала ни беше кажано дека можеме да конкурираме, ние доставивме проект и пред две-три недели излезе во Службен весник дека проектот е поминат и во текот на оваа учебна година до наредната ќе биде изграден во делот на посебни паралелки, изјави директорката на училиштето, Марина Манојловска.

Целодневниот престој, според проценките, ќе го користат лицата со попреченост од градот, а не само учениците кои следат настава во паралелеките на ова училиште.

На горниот кат од училиштето функционираат училници кои во моментов ги користат учениците од посебните паралелки, а на првиот кат има простор кој не е изграден. Манојловска посочи дека родителите на децата со посебни потреби најчесто се социјално загрозени, така што со овозможување на целодневен престој во училиштето тие ќе можат да се вработат и да го подобрат социјалниот статус.

Во училиштето настава следат 60-тина ученици со попреченост од прво до деветто одделение. Паралелките се сместени во истурениот објект на училиштето, кој се наоѓа во центарот на градот.

„Браќа Миладиновци “е единственото училиште во Североисточниот регион кое има паралелки за ученици со посебни потреби.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски