А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Прославата за НАТО нема цена

by А1он12/07/2018 - 14:17111
Share0

Владата не знае колку пари ќе бидат потрошени за големата прослава по повод поканата за влез во НАТО. В сабота ќе се слави во 15 града со 40 изведувачи.

Добивај вести на вибер

Извори за „А1он“ велат дека некои од договорите со изведувачите се потпишани уште пред еден месец, но од Владата тврдат дека конечната сума сè уште не ја знаат.

„Во наредните денови, кога ќе се утврдат сите детали за прославата, јавно и транспарентно ќе ги соопштиме сите информации за трошоците и организацијата на настанот“, изјави Миле Бошњаковски, портпарол на Влада, за „А1он“.

Можност да ја слават поканата за НАТО ќе имаат жителите на Скопје, Битола, Струмица, Струга, Охрид, Велес, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Куманово, Прилеп, Тетово и во Штип. Во Скопје и во поголем дел од градовите во државата прославата ќе почне од 21 часот.

Од Владата нема објаснување како избрале во кои градови да се слави, ниту по кои критериуми се избрани изведувачите.

В сабота ќе настапат 40 познати музички ѕвезди, како Кирил Џајковски, „Архангел“, Дејан Декс, Дуке Бојаџиев, Горан Кан, Ферус Мустафов, Слаткар, Бени Нон Стоп и Златко Ориѓански, Ерик Фокс, Феки Ферис, „Ареа“, Кристина Арнаудова, „Нокаут“, Адријан Гаџа, Владо Јаневски, Лепи Џони, „Баклава“, „Фолтин“, Лозано, Дани Димитровска, Елена Ристовска, ДНК.

Кристијан Ландов

nato

Би можело да ве интересира

Христофору: НАТО се подготвува за конфликт со Русија и Кина

Горан Наумовски16/04/2026 - 14:06

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Горан Наумовски15/04/2026 - 16:19

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Горан Наумовски10/04/2026 - 21:26

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Горан Наумовски10/04/2026 - 19:59

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Горан Наумовски09/04/2026 - 19:35

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Горан Наумовски09/04/2026 - 18:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто