Проштална средба Вељаноски – Пападополу

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска во проштална посета ја прими амбасадорката на Република Грција во земјава Александра Пападополу.

На средбата, како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, било потенцирано дека двата соседа се упатени на меѓусебна соработка и оти треба да ги решат проблемите кои претставуваат пречка таа да се реализира.

Вељаноски изразил жалење што не се остварува соработка на парламентарно ниво, како на највисоко ниво, на ниво на претседатели на парламенти, така и на ниво на пратеници и соодветни комисии. Притоа, тој изразил надеж дека во многу скоро време ќе се пристапи кон воспоставување парламентарна соработка, потенцирајќи дека парламентарната дипломатија е одличен и сè повеќе користен инструмент за подобрување на соработката особено меѓу државите кои имаат отворени прашања.

Вешановски потенцирал оти се надева и очекува дека на претстојниот самит на Европскиот совет на Европската унија нема да има блокада и дека ќе биде определен датум за почеток на преговорите.

– На средбата се изрази очекување дека на Самитот на претседатели на парламенти кој во мај идната година треба да се одржи во Република Македонија, во рамките на Процесот на соработка во Југоисточна Европа, со кој претседава Република Македонија, ќе дојде до средба меѓу претседателите на парламентите на двете земји, се вели во соопштението.

Амбасадорката Пападополу, која е речиси шест години ја извршуваше функцијата во Македонија, потенцирала дека меѓу граѓаните на двете земји, како и меѓу бизнисмените не постојат пречки во комуникациите и соработката.

Таа смета дека напротив, соработката и посетите во меѓуграничните области меѓу граѓаните и бизнисмените е интезивна и взаемна, која и во критичните, во економска смисла 2009 и 2010 година не сопрела.

Претседателот Вељаноски посакал стабилизирање на економската состојба во Грција и понатамошни инвестиции и взаемна соработка на полето на економјата и бизнисот. Двете страни се согласиле дека оваа соработка практично е одлична основа и пример за потребната соработка на политичко ниво.

Новиот амбасадор на Република Грција во Република Македонија се очекува должноста да ја преземе на почетокот на јануари 2013 година.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски