Проштална средба на Димитров со амбасадорката Соумалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен на која изрази задоволство од соработката со оваа Организацијата и посебно со Мисијата во земјава.

Како што соопшти МНР, Димитров искажа благодарност за активностите на Мисијата, како и значајната улога и ангажманот на амбасадорката Суомалаинен во изминатиот тригодишен период.

– Министерот Димитров ја повтори подготвеноста на Македонија да продолжи со ваквата соработка во наредниот период, особено во областите кои се комплементарни на европскиот и евро – атланскиот интегративен процес на земјата, стои во соопштението.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ, од своја страна, се заблагодари на поддршката и отворената соработка со сите македонски институции за време на нејзиниот мандат, во, како што се наведува, исклучително значајни моменти за Македонија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија