Проширување на крстосницата на улиците „Благоја Стефковски“ и „Жан Жорес“

Од:

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ денеска почнаа со проширување на крстосницата на улиците „Благоја Стефковски“ и „Жан Жорес“ во населбата Маџари. За реализација на овој проект Град Скопје ќе одвои околу 4,5 милиони денари. Градежните работи се очекува да завршат за околу два месеци.

Градежните работи ги означија градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Синиша Ивановски.

– Оваа крстосница со години претставува црна сообраќајна точка на која секојдневно се создава голем сообраќаен метеж и се формираат колони возила, особено при вртењето во лево кон населбата Ченто. Улицата „Благоја Стефковски“ при влегувањето во крстосницата ќе се прошири и ќе се формира посебна лента за вртење во лево и посебна лента за движење право, од двете страни на крстосницата, рече Трајановски.

Новопроширениот коловоз во крстосницата ќе биде на површина од околу 1.200 метри квадратни. Со овој проект, како што рече, ќе се овозможи растоварување на сообраќајот на оваа крстосница, ќе се скрати времето на патување и ќе се придонесе за заштита на животната средина.

Трајановски апелираше до граѓаните да покажат трпение додека траат градежните работи на оваа крстосница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Во текот на градежните работи за проширување на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Жан Жорес“ на терен ќе се направи ископ, ќе се вгради тампонски слој, новопроширениот коловоз ќе се асфалтира и ќе се обележи хоризонталната сигнализација. По проширувањето на крстосницата ќе се уредат и тротоарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски