Проширување на коловозна летна на Партизанска

Од:

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ деновиве изведуваат градежни активности за проширување на коловозот на булеварот Партизански одреди за да се добие четврта коловозна лента за вртење во лево на крстосницата со улицата Франклин Рузвелт.

Проширувањето, информираат од Град Скопје, на коловозот се изведува со скратување и стеснување на средишната жардиниера од булеварот во должина од 100 метри и широчина од 3 метри. По завршувањето на овие градежни зафати, на посочениот потег ќе биде нанесен нов асфалтен слој.

По завршувањето на оваа коловозна лента, ЈП „Улици и патишта“ планира проширување уште на четири крстосници по должината на булеварот Партизански Одреди каде што не постои простор за вртење лево.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски