Прошетка на Трајановски и почесните конзули низ Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски со почесните конзули на Македонија во повеќе земји ќе посетат повеќе значајни места во градот.

Градоначалникот Трајановски, како што соопштија од Град Скопје, почесните конзули ќе ги пречека во хотелот Стоунбриџ, од каде заедно ќе тргнат на прошетката низ Скопје.

Тие ќе го посетат плоштадот „Капрошово востание“, Камениот Мост, плоштадот „Македонија“, улицата Македонија, Спомен Куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, од каде автобус сите ќе продолжат до Црквата Свети Спас во Стара скопска чаршија, каде што накратко ќе се одморат и потоа ќе продолжат до Музејот на Македонската борба, каде што ќе заврши прошетката.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош