Пропаднаа преговорите за десен блок

Од:

По вечерашните обиди да се договори заеднички настап на десничарските и партиите од центарот на изборите преку формирање на десен блок, дефинитивно не е постигнат договор.

Од ВМРО-НП и Обединети за Македонија за А1он информираат дека не можело да се постигне договор за позициите на изборните листи и кои ќе бидат носители на изборните единици. Според извори од партиите, преговорите повеќе нема да продолжат, а „Коалицијата за промени и правда“ во која коалицираат Демократскиот Сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО- Работничка партија ќе продлжи сама, а ВМРО-НП, Обединети за Македонија и најверојатно Достоинство ќе настапат заедно на изборите.

-Дојдовме до сериозен проблем во преговорите уште на првата точка за препраспределба на носителите и вторите места на листите. Народна, Обединети и Достоинство покажавме комплетна кооперативност, цело време ја намалувавме стартната позиција се со цел да успеат преговорите и да се формира тој голем трет блок, но од другата страна, од “Коалицијата за промени и правда“ немаше мрднување ниту за милиметар од нивната стартна точка. И постојано кога ќе бевме блиску до договор, тие бараа нов услов да биде прифатен. Три дена се мачевме и може да констатираме дека нема договор. Во име на ВМРО-Народна, Обединети за Македонија и мислам Достоинство, можам да кажам дека овие партии сега ќе настапат заедно на изборите како Десен блок, изјави Никола Тасев од ВМРО-НП за А1он.

Тие не обвинуваат дека коалицискиот блок не бил формиран наводно зошто не сме давале гаранции дека нема да има коалицирање после изборите со ВМРО-ДПМНЕ. Такво нешто немало на преговорите, зошто три дена не мрднавме од мртва точка за листите и за тоа не ни станало збор, рече Тасев.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада