Проодни сите улици во општина Ѓорче Петров

Од:

Комуналните екипи во општина Ѓорче Петров денеска во раните утрински часови фрлиле 31 тон сол и песок на критичните места на улиците во општината.

Како што соопштија од општината, сол е фрлена на најкритичната точка, надвозникот пред населбата „Даме Друев“, за непречено да се одвива сообраќајот на улицата „Лука Геров“. Фрлена е сол и на патиштата кои во зимски услови се проблематични и на кои може да дојде до застој на сообраќајот заради голомразица. Сол е фрлена на улиците што водат кон селата Кучково и Никиштане. 

– Во раните утрински часови веќе беа проодни сите патишта. На одделни места на патот кон селото Кучково имаше и снежни намети кои го попречуваа нормалното одвивање на сообраќајот, но тие беа навремено отстранети, се наведува во соопштението на општината.

Од општината апелираат до граѓаните за внимателно возење и прилагодување на брзината на условите на патиштата. 

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози