Проодни патните правци низ Источна Македонија

Од:

Во Источна Македонија сите патни правци се проодни, информираат од регионалната подружница на ЈП „Македонија пат“. Раководителот на подружницата Ванчо Коцев вели дека сообраќајот се одвива во зимски услови, а екипите постојано ги чистат коловозите од снег кој интензивно паѓа.

– Од почетокот на врнежите па досега имаме фрлено околу 100 тони сол и 200 кубици абразивен материјал. И покрај старата механизација сепак нашите екипи ги одржуваат сите магистрални и регионални патни правци, вели Коцев.

Моментно нема застој и проблеми на црните точки на магистралните патни правци, како што е Сарамзалино на патот Штип-Велес. Но, од ЈП „Македонија пат“ на возачите им препорачуваат да ги управуваат своите возила со зимска опрема, која е и задолжителна од 15 ноември, а брзината на возилото да ја прилагодат согласно условите на патот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози