Проодна една сообраќајна лента на патот Средно Водно – Пантелејмон

Од:

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ го расчистуваат одронот на патот Средно Водно – Пантелејмон, кој во текот на изминатата ноќ ги покри двете сообраќајни ленти на овој пат и го оневозможи одвивањето на сообраќајот. Во моментов, за сообраќај е проодна едната сообраќајна лента.

Како што соопшти Град Скопје, работниците од ЈП „Улици и патишта“ со соодветна механизација уште веднаш излегоа на терен и ги расчистуваа наносите земја и камења од патот.

За сообраќај веќе е проодна едната лента, а за неколку часа се очекува целосно да биде расчистена и другата сообраќајна лента.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни при движењето на оваа делница, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот, а доколку се во можност, при своето движење да ја користат околната патна мрежа.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози