Пронајдено телото на удавеното момче во Преспанското Езеро

Од:

По два дена трагање, пронајдено е телото на 16-годишното момче кое се удави во Преспанското Езеро. Од МВР велат дека телото е извлечено и е предадено на обдукција.

Првичните информации беа дека детето се удавило откако се превртела педалинката на која било момчето со двајца другари.

„Околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција“, велат од МВР.

По момчето, освен припадници на МВР, трагаа и нуркачи од Охрид, а се вклучија и локални жители.

Би можело да ве интересира

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки

Тело на битолчанец е пронајдено во водите на Преспанското Езеро

Горан Наумовски

Намален водостојот на Преспанското Езеро

Катерина Ѓуровски

Преспанско Езеро седум сантиметри под апсолутниот минимум, преполовени водостоите на повеќето реки,