Пронајдено телото на 84-годишен жител од кочанско по кој се трагаше четири дена

Од:

Пронајдено е телото на 84-годишниот жител од селото Соколарци, по кој се трагаше четири дена.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека вчера во Полициската станица во Кочани било приjавено дека во одводен канал во село Соколарци кочански регион, бил пронајден починат 84 годишниот С.К. Од страна на неговото семејство било пријавено дека од својот дом се оддалечил на 14 септември.

По пронаоѓање на неговото тело, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он