Пронајдено телото на 62-годишниот тетовец кој исчезна на 31 декември

Од:

По 17 дена потрага, денеска во реката Пена кај Фалише е пронајдено телот на 62-годишниот чевек кој беше пријавен за исчезнат на 31. декември.

„Денеска околу 11.30-11.40 часот, во водите на река Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на И.Л.(62) од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Неколку дена потоа по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи“, информира СВР Тетово.

Со сочувство до семејството и благодарност за сите инволвирани во потрагата се огласи градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

– По речиси три недели потрага, денеска, за жал, е пронајден мртов нашиот сограѓанин Еќрем Лутфиу – Иќо.Од срце им благодарам на тимот на штабот за вонредни ситуации, поддржан од противпожарната единица, претставници на навивачите на ФК. Шкендија и волонтерите кои и покрај тешките услови не престанаа да бараат изчезнатиот сограѓанин за сето ова време. Сакам да изразам сочувство и до семејството на починатиот! Во овие тешки моменти заедно со нив ја споделуваме болката, напиша Касами.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар