Пронајдено тело во распаѓање во кичевско – починатиот идентификуван како 27-годишно момче од село Стрелци

Од:

По добиена информација за пронајдено тело во распаѓање над с. Бигор Доленци, кичевско, надлежен јавен обвинител и екипи од Министерството за внатрешни работи вчера попладне започнаа со увид на лице место. Починатиот е пронајден во непристапен терен кој оневозможуваше транспорт на телото во текот на ноќта. По обезбедување на телото, утринава со помош на хеликоптер починатиот беше пренесен во Институтот за судска медицина во Скопје, каде по наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.

Извршена е идентификација на починатиот и според првичните сознанија починатиот на возраст од 27 години е жител на с. Стрелци, кичевско. Дополнително надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вршење на ДНК анализа за потврдување на идентитетот на починатиот. По пријава за исчезнување на сега починатиот, повеќе од еден месец надлежните органи и жителите на околните места спроведуваа акции за негово пронаоѓање.

Основното јавно обвинителство Гостивар во континуитет презема дејствија во насока на разоткривање на причините за смртта на починатиот.​

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски