Пронајдено возило што било одземено, во гостиварско, двајца приведени

Од:

Вчера попладне, во 17 часот во село Добридол, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате ги лишиле од слобода 29-годишниот Б.Р. и 55-годишниот Џ.А., двајцата од село Добридол, велат од МВР.

– Тие се сомничат дека околу 02.30 часот во угостителски објект во с.Добридол физички и со тврд предмет го нападнале А.А.(24) од с.Пирок, општина Боговиње, по што го одзеле возилото „рено твинго“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на неговата сестра, кое тој го управувал, соопшти МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски